Тинејџер со ауди излетал од патот

25.11.2016 16:36 | KumanovoNews

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, откако автомобил им излетал од патот.

Тинејџер со ауди излетал од патот

Сообраќајката се случила вчера во 11.10 часот кога М.Ѓ. (19) од Куманово, управувајќи ПМВ „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот Д.С.(18) од Куманово. Истите се пренесени во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk