Тинејџер со голф удрил пешак

27.07.2017 14:15 | KumanovoNews

Пешакот е тешко повреден и пренесен на лекување во Скопје, откако во него удрил голф.

Тинејџер со голф удрил пешак

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 9.30 часот на ул.„11. Октомври“, кога Б.С.(19) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило Фолксваген Голф удрил во пешакот З.А.(37) од Куманово.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на итна медицинка помош бил пренесен во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар - Скопје.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk