Тодоровски: Македонија во ЕУ ќе добие комплетна заштита на својот идентитет

22.09.2018 10:33 | KumanovoNews

Македонија со влегувањето во ЕУ добива комплетна заштита на својот идентитет, јазик и култура, истакна Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, поради што ги повика граѓаните да го поддржат  престојниот референдум.

Тодоровски: Македонија во ЕУ ќе добие комплетна заштита на својот идентитет

- 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа европска иницијатива е да го промовира значењето на европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничка европска историја и вредности. Македонија со влегувањето во ЕУ добива комплетна заштита на својот идентитет, јазик и култура. Европската унија со своите механизми овозможува секоја нејзина членка да ја сочува својата индивидуалност и со својата лична карта да допринесе до збогатување и унапредување на европското семејство. Почитувани граѓани имаме шанса да направиме од нашата држава респектабилен член на европското семејство, затоа да излеземе сите масовно на 30. септември и да гласаме за иднината, - изјави  Тодоровски на денешната прес-конференција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk