Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски е позитивен на ковид-19. Тој информацијата вечерва ја сподели со јавноста преку видео порака на Фејзбук.
„Почитувани пријатели, за жал, мора да ве известам дека ќе бидам во 10-дневна изолација, бидејќи на моето денешно тестирање од ковид-19 излегов позитивен, иако ги почитував сите мерки и протоколи сепак дојде до оваа несакна ситуација, само се надевам дека нема да ескалира“, кажа Михајловски.
Тој објави дека е вакциниран и почитувал сите мерки за заштита на неговото здравје, но сепак се заразил.
Михајловски го поздрави својот тим кој е на терен во изборната кампања и му порача дека на 17 октомври ќе извојуваат голема победа, којашто Куманово ја заслужува.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk