Тони Трајановски го фати крстот во стара црква

19.01.2013 09:54 | KumanovoNews

 Тони Трајановски (24) од населбата Ајдучка Чешма, утрово го фати светиот крст во базенот во дворот на црквата “Свети Никола“.

Тони Трајановски го фати крстот во стара црква

Првпат се фрлам по крстот. Среќен сум, задоволен, годинава нешто ме тераше да скокам по крстот. Господ само здравје нека дава другото само ќе биде. Студено беше, ама издржав, па ќе видиме здравје за догодина дали ќе се решам да скокам пак - рече Трајановски.

Во 9.30 часот околу петнаесетина млади момчиња се фрлија по светиот крст, но најмногу среќа имаше Тони Трајановски. Верниците му честитаат, го бакнуваа крстот и запалија свеќа за здравје во црквата Свети Никола. Голем број граѓани присуствуваа и на утринската богослужба. Трајановски доби подароци од цркавата и спонзорите, а коледарите му подарија икона.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk