Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Tопењето на снегот во рамниците може да создаде заезерени површини, особено во делови на Кумановско, Струмичко и Скопско Поле и во Пелагонија, соопштуваат од Управата на хидрометеоролошки работи.
Нивото на Охридското Езеро е за 4 сантиметри под дозволената минимална кота, а водостојот на Вардар во Јегуновце и Скопје е повисок од вообичаените максимуми за февруари.
Од Центарот за управување со кризи велат дека има минимално зголемување на водостојот во реките во кумановско, но не постои опосност од нивно излевање.
Се работи за сув снег кој со топење ќе се апсорбира во земјата, а помал дел ќе се слее во реките и суводолиците, кои нема да претсавуваат опасност за поплави, - изјави Горан Стојановски, раководител во ЦУК.
И водата во хидро-акумулационите езера Липково и Глажња е на ниско ниво.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk