Топлотниот бран завршува викендов, од вторник заладување

16.08.2024 14:13 | KumanovoNews

Сончево и екстремно топло ќе биде и во текот на денешниот ден на територијата на Куманово, со можност за развој на нестабилна облачност, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се искачи до 39 степени целзиусови во попладневните часови.

Топлотниот бран завршува викендов, од вторник заладување

Слично време не очекува и во сабота, а веќе од недела можен е развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник и вторник нестабилноста можно е да премине во невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе дојде и до пад на температурите за 3 до 4 степени, за вторник е прогнозирана највисока дневна температура од 30 степени.

Во втората половина од наредната недела вторно ќе има посраст на температурите но тие нема да надминуваат 34 степени. Не се очекуваат екстремни топли бранови до крајот на месец август.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk