Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за јавно здравје Куманово има уште 400 дози вакцини против сезонски грип.
Оттаму велат дека овие дози ќе се потрошат во наредниот период, и апелираат граѓаните кои се хронично болни, со ослабен имунитет, над 65 години да ја примат вакцината како превентивна мерка.
Сè уште е топло времето и граѓаните мислат дека не е време за респираторни инфекции, меѓутоа со почетокот на наредниот месец ние очекуваме зголемен број на заболени од грип и заболувања слични на грип. Апелираме оние кои сè уште не ја примиле вакцината да дојдат да се вакцинираат. Вакцината освен за ризичните категории над 65 години, наменета е за лицата со хронични заболувања, респираторни, срцево болни, со дијабетес, сите кои работат во контакт со луѓе треба да се вакцинираат - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Вакцината е од холандско производство, а цената е 400 денари како и претходните години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk