Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Mинистерството за култура велат дека локалната самоуправа не била заинтересирана да аплицира со проекти за културни настани и затоа Куманово остана без летна програма
Mанифестацијата “Топол културен бран“, која ја спроведува Министерството за култура, оваа година нема да се одржува во Куманово.
Од министерството објаснуваат дека локалната самоуправа не аплицирала со проекти и тоа е основната причина зошто Куманово не е дел од проектот.
- Имаше конкурс на кој општините требаше да предложат проекти, активности, кои би биле интересни за граѓаните. Од општина Куманово немавме апликација. Инаку годинава сите предлози од општините се прифатени. Целта на манифестацијата “Топол културен бран“ е културата да биде достапна за сите, да не биде само во главниот град и поголемите градови - велат од министерството.
Првата етапа од “Топол културен бран“ заврши, а втората ќе се реализира од 20 до 31 август. Во програмата се организираат разни концерти, изложби, настапи на културно-уметнички друштва, групи...
Оваа манифестација Министерството за култура ја организира седма година по ред.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk