Торта СДСМ за старите лица во “Зафир Сајто“

06.03.2015 12:10 | KumanovoNews

Жените од СДСМ денеска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и со торта им го честитаат празникот на жената 8 Март на припадничките на понежниот пол.

Торта СДСМ за старите лица во “Зафир Сајто“

При тоа им  им посакаа добро здравје и спокојни пензионерски денови.

“Дојдовме да  поразговораме со вработените и со штитеничките во Домот. Донесовме торта за да им го честитаме празникот, да внесеме малку радост во нивните животи и во нивното секојдневие. На овој начин барем малку им посветивме внимание пред празникот“ - рече Лидија Тасевска, заменик координатор на Форум на жени на СДСМ Куманово.

Ова е само една од низата активности кои Форумот на жени на СДСМ ги реализира по повод 8 Март.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk