Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Товарен воз утринава излета од шините на железничката пруга во близина на кумановското село Романовце. Несреќата се случила околу 9 часот.
Од СВР Куманово за Кумановоњуз ја потврдија несреќата во Романовце. Нивни екипи вршат увид на лице место и најавија повеќе информации во текот на денот.
Железничкиот сообраќај е во прекин поради несреќата.
(Фото: архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk