Традиционална ликовна изложба “Самоуки 2025“ во Куманово

11.06.2025 10:13 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба “Самоуки 2025“. 

Традиционална ликовна изложба “Самоуки 2025“ во Куманово

На изложбата ќе бидат претставени 39 дела во форма на слики и цртежи изработени од 17 автори. 

„Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со ликовната публика. Потребата за традиционално
организирање на ваков вид на изложби од страна на НУ Центар за култура – Куманово беше утврдено уште на почетокот на деведесеттите од минатиот век а дојде како резултат на иницијатива на повеќе наши сограѓани – неакадемски
уметници коишто имаа зад себе сериозна ликовна продукција. Искуствата низ годините покажаа дека оваа изложба освен тоа што има одреден квалитет и естетско ниво дека истата може да биде и многу масовно посетена“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Изложбата ќе биде поставена до 26.06.2025 г. поддржана е од Министерство за култура и туризам
на РС Македонија.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk