Традиционална велосипедска трка „11 Октомври“

10.10.2018 14:30 | KumanovoNews

По повод празникот „11 Октомври“, утре во Куманово, ќе се одржи традиционалната велосипедска трка Трофеј - „11 Октомври“.

Традиционална велосипедска трка „11 Октомври“

Трката ќе се одржи низ главните два булевара на Куманово, „Октомвриска револуција“ и Трета МУБ.

- Манифестацијата ќе започне со претставници од основите училишта преку училишен спорт, следни на стартната линија ќе бидат децата од градинките. Во 12.30 започнува трката за професионалните велосипедисти од сите велосипедски клубови во Македонија. На стартната линија ќе се појават и екипи од Бугарија, Србија и Косово и трката ќе се здобие со интернационален карактер.Манифестацијата ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, - соопштуваат организаторите.

Организатори на овој спортски настан се: Велосипедски клуб Вело-М Термалифт, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија.

Покровител на манифестацијата е Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk