Трае забраната за лов на дивеч

25.06.2013 14:39 | KumanovoNews

 Сеуште трае забраната за лов на сите видови дивеч во ловиштата за да се развие подмладокот, соопштуваат од ловечкото друштво “Фауна“.

Трае забраната за лов на дивеч

 Јас сум секојдневно на терен и крволов засега нема. Го држам делот од село Брзак до Табановце. Нашето ловечко друштво има двајца ловочувари. Ситен дивеч ќе може да се лови дури кон крајот на септември. Оние кои ќе бидат фатени во криволов ги пријавуваме во полиција и потоа за нив следуваат строги казни - вели Абедин Исмаили, ловочувар во “Фауна“.

Кога ловот е дозволен, ловиштата ги посетуваат и грчки државјани кои легално со извадена дозвола ловат дивеч.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk