Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице загина вчера попладне откако се превртел трактор во канал покрај патот во кумановското село Тромеѓа.
„Во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с. Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с. Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“, соопшти МВР.
Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk