Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е повредено во инцидентот што вечерва околу 20 часот се случил по завршување на маршот „За заедничка Македонија„ во центарот на Куманово.
Според информации на луѓето кои учествувале на протестот, инцидентот го предизвикал претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, додека излегувал од зградата на Комитет, каде се наоѓа партиското седиште и налетал на колоната трактори кои биле паркирани на улицата. Тој наводно во алкохолизирана состојба почнал да вика и да ги навредува трактористите, по што со еден од нив и физички се пресметал.
„Ми се нафрли и почна да удира со тупаници во шофершајбната и навикнуваше:„Што бараш ти сељак со трактор во град„. Јас ја отворив вратата и турнав со врата а тој се нафрли на човекот зад мене додека беше во трактор во движење, го фати за рамо го влечеше и го удираше едно 4-5 пати во тил во главата“,- изјави Раде Цветковски, учесник во маршот.
На лице место излегла полицијата и ги привела Костовски, додека повредениот бил префрлен во болница. Од СДСМ најавија дека утре ќе излезат со официјална изјава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk