Тракторист загина во Живиње

29.05.2013 11:55 | KumanovoNews

Во сообраќајна несреќа во кумановското село Живење, загина Момчило А. (40)  загина, а  П.Ј(61), Ж.Ј(44) и Р.Д.(65) се повредени.

Тракторист загина во Живиње

Сообраќајката се случила вчера околу 14 часот, кога тракторот со кој управувал Момчило, а се превезувале и останатите сопатници се движел по стрмен планински пат. Во еден момент возачот изгубил контрола на тракторот и тој се превртел неколку пати. Од задобиените повреди на лице место починал возачот Момчило А.(40), а П.Ј, Ж.Ј и Р.Д сите од Куманово се здобиле со повреди.

 П.Ј и Ж.Ј се пренесени во Клинички центар во Скопје, а на Р.Д му е укажана медицинска помош на самото место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk