Тренинг за врснички едукатори од Куманово, Кочани и Паланка

07.03.2017 08:11 | KumanovoNews

Волонтери од општинските организации на Црвен крст на Куманово, Крива Паланка и Кочани учествуваа на тренинг за врснички едукатори.

Тренинг за врснички едукатори од Куманово, Кочани и Паланка

На работилницата учествуваа по 7 учесници од Крива Паланка и Кочани и 14 учесници од Куманово.

 „Преку дискусија и вежби, волонтерите се запознаа со начинот на вршење на врснички едукации како и методи и техники кои ќе им помогнат при нивно спроведување. Ова е проект помеѓу општинските организации, преку кој ќе се обучат врснички едукатори за теми како ХИВ/СИДА и заштита од природни катастрофи. Проектот има за цел промовирање на младински активизам во заедницата, како и зајакнување на локалните капацитети на општинските организации и Клубовите на млади со обучени волонтери, кои преку предавања ќе допринесат за подигање на свеста кај младата популација“, - соопштуваат од Црвениот крст Куманово.

 По завршување на обуките ќе се спроведат обуки во основните и средните училишта во секој град од страна на обучените едукатори. Ова е нова регионална соработка помеѓу трите општински организации и е прва од ваков тип, во која се планирани размени на волонтери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk