Трет роденден на Timeless

16.05.2015 13:38 | KumanovoNews

Специјализираната продавница за часовници, сребрен накит и сваровски елементи “Timeless",  денеска слави три години постоење и успешна работа.

Трет роденден на Timeless

Со широката понуда на брендиран накит и часовници се наметнаа на пазарот, станаа препознатливи и се трудат да привлечат што повеќе купувачи. За таа цел до крајот на мај нудат матурски попусти и до 50 отсто, а секој работен ден наградуваат по еден купувач.

“Луѓето ни веруваат, не почитуваат. Моментално ни се актуелни матурите и имаме и поголема побарувачка. Даваме награди и на дневна основа. Сите кои преку ден ќе купат нешто кај нас, ги евидентираме, на крај  на ден ги извлекуваме и среќниот добитник го објавуваме на фејсбук. Во иднина ќе продолжиме со исто темпо и уште повеќе ќе се трудиме. Сега во нашиот бизнис има голема конкуренција и јас се трудам да бидеме што подобри, што поинвентивни, поексклузивни. Имаме различни видови на накит, над 15 видови на брендирани часовници, имаме  доста квалитетен сребрен накит од светски познати производители“- изјави Ѓокица Гиевски, сопственик на "Timeless".

Потрошувачите се задоволни од големиот избор и квалитет на накит и часовници во “Timeless“.

“Купив бисерен ѓердан, обетки, часовник и сум презадоволна, бидејќи нивните производи убаво изгледаат и убаво стојат. За нив имам само пофални зборови и секаде ги препорачувам. Им го честитам роденденот и им посакувам успех“ - вели Нела Јовановска, потрошувач.

Нив можете да ги најдете на улица “Ленинова“ бр.13 во Куманово. Од “Timeless“ најавуваат отварање на продавници во Свети Николе и Скопје, и уште една во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk