Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза вакцина да добијат сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација.
Одлуката е донесена согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеле во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина.
Во изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче кажа дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот Фајзер и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.
Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака, онака како што се вршеше и на почетокот при приоритизација на критичните групи на граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk