Трета награда за проект на Центарот за развој на североисточниот регион

17.11.2015 13:25 | KumanovoNews

Трета награда доби Центарот за развој на североисточниот плански регион за проектот “Изградба на регионално туристичко биро со дополнителни активности  за уредување на излетнички места и зголемување на туристички капацитети“,  од Министерството за локална самоуправа.

Трета награда за проект на Центарот за развој на североисточниот регион

Наградата беше врачена вчера. Раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион објасни дека се работи за проект кој се спроведува од оваа пролет и чини околу 8.5 милиони денари.

Ние аплициравме до Министерството за проекти кои веќе ги имаме и се во тек на реализација. Се одлучивме за овој проект кој е од областа на туризам, значи градба на регионално туристичко биро во општина Кратово, опремување на дел од капацитетите во општините Ранковце во старо училиште со 20 кревети за туристи и Старо Нагоричане во новиот дом за млади, исто така со 20 легла  за туристи. Во општина Липково изградивме неколку патеки и во селото Матејче  ќе се реновира паркот. Во општина Куманово ја реновираме салата која е за настани - изјави Протиќ.

Тој се надева дека амбасадорите ќе ги однесат на локалитетите во нашиот регион, за да ги популаризираат, да ги покажат потенцијалите  и доколку има интерес да се инвестира, да се изградат хотели и слично.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk