Трета обука за младите и жените од руралните средини

05.12.2015 16:13 | KumanovoNews

Трета  обука денеска се одржа за младите и жените од руралните средини од регионот, на возраст од 15 до 24 години. 

Трета обука за младите и жените од руралните средини

Обуката ја организираат Норгесвел од Крива Паланка, Бујрум и Гласот на селото од Куманово и Фондација за развој на локалната заедница од Штип, во рамки на проектот “Граѓанско учество во руралните средини“, кој е финансиран од УСАИД. Младите имаа можност да се едуцираат на различни теми кои понатаму многу ќе им користат во животот. 

Претходните две обуки поминаа подобро од очекуваното, затоа што се појави голем интерес кај учесниците. Иако имавме предвидено помал број на учесници, се појавија многу повеќе. Ова е последната обука, имаме и на оваа обука повеќе учесници од предвидените. Учесниците се пријавуваа онлајн на нашата веб страна, а исто така ги информиравме и во средните училишта“- изјави Александра Тасиќ од Бујрум. 

За во иднина планирани се тв дебати, бизнис обуки и изработка на бизнис планови во рамки на проектот. 

Денеска учесниците се информираа за основните човекови права и како да ги заштитат кога се дискриминирани. 

Почнавме што е право, правен поредок, која е структурата на државата. Ова се млади од 3 и 4 година средно, сè уште немаат право на глас и добро е да ги подготвиме на некој начин за тоа што ги очекува. Имаат некои основни познавања, но ние одиме малку продлабочено, на поконкретни примери и добрата работа е што овде не се нивните професори, па можат да си го кажат она што мислат да го кажат, кога биле дискриминирани низ примери - рече Борис Шарковски од Фондација за развој на локална заедница Штип. 

Опфатени беа млади и жени од сите општини кои се дел од североисточниот плански регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk