Три авиони го гаснат пожарот во Бељаковце, ноќеска изгоре една куќа

12.09.2023 11:40 | Сузана Николиќ

Се уште е активен пожарот во селото Бељаковце, кој се разгоре вчера во попладневните часови се гореше цела ноќ.

Три авиони го гаснат пожарот во Бељаковце, ноќеска изгоре една куќа

„Пожарникарите од кумановската единица беа фокусирани на заштита на куќите во ова село, кое е од разбиен тип и се расфрлани на неколку ридови. Една стара куќа, која од сопственикот се користи само привремено беше зафатена од огнот и целосно изгоре“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Поради заканата по други куќи и опасност од проширување на огнот на блиска борова шума, кон селото Бељаковце полетаа три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Ова е трет пожар кој се заканува на Бељаковце за две недели. Во минатите два се изгорени 3 стари, напуштени куќи и исто толку помошни простории.
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk