Три интервенции на пожари на сува трева и стрништа

23.08.2023 12:21 | Жаклина Цветковска

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале на гасење пожари на сува трева и стрништа.

Три интервенции на пожари на сува трева и стрништа

Пожарите биле предизвикани во селата  Матејче и  Пчиња , а во нивното ликвидирање учествувале вкупно 2 противпожарни  возила и 6 пожарникари.

Во вечерните часови, интервенирано е и  во село Отља   на запалена сува трева и стрниште,  со едно возило и три пожарникари.

Истовремено, горела и депонијата во село  Никуштак , што било  пријавено во ТППЕ Куманово , но екипата не била на терен, бидејќи тоа  почесто се случувало, а  било под надлежност на Општина Липково за што е и известено лицето за контакт од општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk