Три лица истепале гостин во ресторан во Куманово

05.08.2019 09:13 | KumanovoNews

 Кумановец е нападнат од три лица додека бил во ресторан.

Три лица истепале гостин во ресторан во Куманово

Инцидентот се случил на 2 август, околу 19,30 часот во угостителски објект на улицата „11 Ноември“ во Куманово, кога С.А. бил физички нападнат од три лица.

С.А. го пријавил нападот во СВР Kуманово, наредниот ден.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk