Три лица повредени во сообраќајка кај Војник

08.07.2019 06:17 | KumanovoNews

Три лица се повредени, од  кои две  потешко,  во сообраќајна несреќа на локалниот пат Војник- Клечовце.

 
Три лица повредени во сообраќајка кај Војник

Сообраќајката се случила завчера во 19:45 часот, помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ управувано од М.Б.(24) од Куманово и патничко моторно возило „Митсубуши“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ј.Т.(52) од Кратово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “Митсубуши“ А.Т.(38) и сопатник на возраст од 11 години, а друг сопатник на 12 годишна возраст се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош, а двете лица со здобиени тешки телесни повреди биле препратени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk