Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Горно Којнаре.
Сообраќајката се случила во 12.25 часот, помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово и патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово.
По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото „Пежо“ М.Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk