Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

11.01.2021 10:22 | KumanovoNews

 Три лица се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Незгодата се случила синоќа во 19.40 часот, помеѓу патничко  моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(31) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка и патничко моторно возило “шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од Куманово.

По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk