Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово- Романовце

20.05.2024 21:07 | KumanovoNews

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечера попладне на локалниот пат Куманово-Романовце. 

Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово- Романовце

Сообраќајката се случила околу 15.30 часот помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk