Три милиони денари за четири претстави во Кумановскиот театар одобри Министерството за култура

23.03.2023 11:03 | Сузана Николиќ

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе добие 3 милиони денари од Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на четири проекти од национален интерес во културата од областа на драмската дејност.

Три милиони денари за четири претстави во Кумановскиот театар одобри Министерството за култура

Средствата се одобрени за четири претстави, по две на македонски и на албански јазик.

Најмногу пари во висина од 1 милион денари доби претставата на албански јазик „Лет над театарот на Косово“ од Јетон Незирај во режија на Ерсон Зимбери, потоа 900 илјади денари претставата на македонски јазик „За кого бијат камбаните“ од Ернест Хемингвеј во режија Мартин Кочовски, 600 илјади денари „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија Синиша Евтимов и 500 илјади денари  „Балкон“ од Ерик Хелберг во режија на Гент Мехмети.

Минатата година за ист број на претстави биле одобрени 3,6 милиони денари.

Директорот на Националната установа Сашо Тодоровски вели дека претставата „За кого бијат камбаните“ е веќе во подготовка и премиерата треба да биде на крајот на април.  Останатите претстави ќе се играат во текот на летото и за Денови на комедија.

Поради реконструкција на зградата на Тетар Куманово, претставите ќе се играат на сцената во Центарот за култура. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk