Три нови онлајн услуги во Катастар на недвижности

08.06.2016 10:26 | KumanovoNews

 Три нови услуги на контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности, можат да добија граѓаните во наредниот период.

Три нови онлајн услуги во Катастар на недвижности

Станува забор за: онлајн-исправка на техничка грешка, закажување на состанок и модул „Кампања“.

Онлајн-исправка на техничка грешка овозможува граѓаните по електронски пат, преку е-пошта [email protected] или преку бесплатната телефонска линија 080080800 да пријават техничка грешка на податоците во Катастарот, со што таа ќе биде разгледана и исправена, а граѓанинот ќе биде благовремено информиран.

Втората новина „Закажи состанок“ овозможува граѓаните само со еден повик на бесплатната инфо-линија 0800 80 800 да закажат состанок со раководно лице од Катастарот во точно утврдено време со кое ќе може да изврши консултации во врска со предмет од интерес на граѓанинот или стручен совет за решавање на некој имотно-правен проблем.

Третата новина, новиот модул „Кампања“ овозможува масовно информирање на клиентите за одредени теми, новости, промени итн. Овој модул овозможува да се информира дефинирана целна група клиенти телефонски или преку е-пошта, во зависност од типот на кампањата.

Досега пријавувањето на техничките грешки граѓаните можеа да го направат исклучиво на шалтерите во Катастарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk