Три нуркачки тима трагаат по изчезнатиот во езерото Глажња(видео)

31.07.2023 10:42 | Оливера Пешевска

Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од утринава продолжуваат со потрагата по исчезнатиот маж во езерото Глажња.

Три нуркачки тима трагаат по изчезнатиот во езерото Глажња(видео)

Потрагата била прекината ноќеска, а започнала вчера во попладневните часови.

Исчезнувањето на Ф.Р. (30)  од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.

Преку СВР Куманово е повикана нуркачка екипа на МВР со цел да се пронајде исчезнатиот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk