Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа во Куманово се регистрирани три пожари.
Во 13 часот пред маркетот Туш било запалено моторно возило. По брзата интервенција на пожарната служба автомобилот бил изгаснат за петнаесетина минути.
Во атарот на село Тромеѓа, маало Слатино по 17 часот горело жито и стрниште. Пожарникарите го гаснеле огнот до 19.35 часот. Површината зафатена со пожарот не е позната.
Околу 19 часот се запалила сува трева кај Градските гробишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk