Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три интервенции на терен имала Противпожарната единица Куманово во изминатите 24 часа.
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите гаснеле запален оџак, конејнер и напуштен деловен објект.
„Првата интервенција е вчера во 9.02 часот на опожарен оџак на станбена зграда на ул. Лесковачка бр. 42. Интервенирано со 1 возило и 4 пожарникари, пожарот е ликвидиран и завршен во 10.10 часот. Втората интервенција од 10,45 до 11,00 часот на опожарен контејнер со смет на ул „11 Октомври“ бб. Интервенирано е со 1 возило и 2 пожарникари. Третата интервенција е на ул. „Тодор Велков“ во една од просториите на напуштената управна зграда од поранешната фабрика – „Житомел“ во 12.33 часот. Интервенирано е со 1 возило и 5 пожарникари, пожарот е локализиран и завршен во 13.35 часот“, - соопштуваат од РЦУК.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk