Три пожари за едно деноноќие во Куманово

08.05.2021 12:54 | KumanovoNews

Противпожарната служба од Куманово вчера интервенцирала  на ул. „Србо Томиќ“ каде се запалила семејна куќа од  електрична исталација.

Три пожари за едно деноноќие во Куманово

Пожарникарите го гаселе пожарот  во периодот од 10,30-10,45 часот, со едно противпожарно возило и 5 пожарникари.

Во периодот од 11,00-11,45 часот, службата  учествувала со едно возило и 2-ца пожарникари  во гаснење на запален отпад кај маркетот Туш ,а 4-ца пожарникари со едно возило интервенирале и при гаснење на запален оџак на ул. „Доне Божинов“,  во периодот од 09,20-10,00 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk