Приведени тројца кумановци, агресивно и насилно се однесувале кон своите партнерка, татко и сестра

02.10.2024 13:39 | KumanovoNews

Во три одвоени случи завчера и вчера во полицијата било пријавено агресивно однесување и семејно насилство против три лица, кои подоцна биле приведени.
 

Приведени тројца кумановци, агресивно и насилно се однесувале кон своите партнерка, татко и сестра

Првиот случај е регистриран во понеделник, на 30 септември, во 18.50 часот.  Полицијата го привела Н.И. (20) затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал кон неговиот татко.

Истата вечер во 20.10 часот, приведен е Б.А.(40) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговата партнерка и со тврд  предмет ги оштетил прозорците во нејзиниот стан. Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Во вторник, на 1 октомври, во 03.20 часот, приведен е И.Б.(38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сестра. И.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk