Три случаи на труење со алкохол во новогодишната ноќ во Кумaново

02.01.2024 12:03 | Оливера Пешевска

Само три случаи на труење со алкохол бележи Брзата помош од Куманово, но и тогаш не се работело за екстремни случаи или за малолетници. Најголем број од повиците за време на продолжениот викенд биле од хронично болните, претежно пациенти со белодробни заболувања што се должи на променливото време и загадениот воздух.

Три случаи на труење со алкохол во новогодишната ноќ во Кумaново

„Имавме по триесетина повици во секоја смена, што е вообичаена, секојдневна  бројка. Три случаи на интокцикација со алкохол, без далекусежни последици за пациентите, ништо алармантно. Нема повредени од пиротехнички средства, тепачки или сообраќајни незгоди. Хронично болните, посебно оние со белодробни болести беа најбројни кои бараа наша помош“, истакна д-р Валентина Тодоровска- Трајковска, дежурен лекар.

Загадениот воздух, магловитите денови и влажноста на возухот не погодуваат за заболените од респираторни болести, па медицинските лица препорачува кратко проветрување на домовите, да не се излегува надвор и што пократко задржување на отворено. Особено ова да се почитува во најинтензивниот период на денот и редовно да се зема препишаната терапија.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk