Трибина „15 години од конфликтот во кумановско“

19.05.2016 09:00 | KumanovoNews

 Организацијата на резервни офицери во Куманово, организира трибина по повод одбележување на 15 години (2001-2016) од воениот конфлик во Македонија.

Трибина „15 години од конфликтот во кумановско“

 Трибината ќе се одржи утре во 12 часот, малата сала на Центарот за култура.

На трибината говорници ќе бидат др. Ѓорѓи Малковски на тема „15 години од војната во Македонија“ и полковник Веселин Стојановски на тема „Воените дејствија во кумановскиот регион во 2001 година“. По тој повод ќе бидат доделени признанија на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили и учесниците од резервниот состав.

Организаторите ги повикуваат сите претставници на македонските безбедносни сили кои учествувале во војната во 2001 година и граѓаните да дојдат на отворената трибина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk