Трибина “Куманово-Авганистан-Куманово“

14.12.2015 08:19 | KumanovoNews

 Левичарското движење „Солидарност“,  утре од 18 часот, во просториите на клубот „Сајфер“ во Куманово, организира трибина на тема  „Куманово-Авганистан-Куманово“.

Трибина “Куманово-Авганистан-Куманово“

 Целта е да се направи паралела помеѓу кумановци кои работеле во Ирак и Авганистан изминативе години, бегалците кои поминуваат деновиве низ Македонија и економските мигранти на кои им се забранува влез во Македонија. Ќе се дискутира за тоа што значи да се биде економски мигрант? Дали е тоа лесно? Зошто луѓето се решаваат на таков чекор? Со какви проблеми се соочуваат додека го прават тоа и друго. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk