Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „До каде е превенцијата од дрога„

06.09.2010 11:17 | KumanovoNews

 Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организира трибина на тема „До каде е со превененцијата со дрога„.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „До каде е превенцијата од дрога„

 Модератори на оваа трибина ќе бидат д-р Јадранка Стаменсковска, началник на епидемиолошкиот оддел при Центар за јавно здравје Куманово, Олгица Вељковиќ, претседател на Комисија на образование на ДОМ, Виолета Богдановска, Началник на одделение за превенција при СВР Куманово и Стојна Милковска, социолог при Центарот за зависности.

 Трибината ќе се одржи во 19:00 часот во малата сала на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ги поканува сите заинтересирани граѓани на Куманово да присуствуваат на трибината и одблиску се запознаат со сите аспекти од оваа актуелна проблематика.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk