Трибина на ВМРО-ДПМНE утре на Градскиот плоштад во Куманово

15.05.2023 12:07 | Оливера Пешевска

На Градскиот плоштад во Куманово утре/вторник/ со почеток во 17.30 часот ќе се одржи голема трибина во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Трибина на ВМРО-ДПМНE утре на Градскиот плоштад во Куманово

На собирот освен партиски членови од локалниот огранок се очекува да дојде и највисокото партиско раководство. Се очекува голема посетеност, не само од активисти на партијата туку и од сите заинтересирани граѓани.

 „Трибината ја планираме да допре до поширок круг на луѓе. Ќе има видео-бим, планирани се амфитеатарски поставени околу 300 места за седење. Сите заинтересирани граѓани и медиуми се поканети на настанот“, изјави Бобан Николовски,претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

На граѓаните ќе се обратат лидерот Христијан Мицковски, потпретседателот Владо Мисајловски, пратеникот Бране Петрушевски и претседателот Бобан Николовски. На актуелни теми ќе зборуваат и млади, надежни спортисти и жени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тука сме да ги понудиме нашите решенија, тука сме да се погледнеме во очи со се она што е реализирано во изминатиот период и тука сме да ја вратиме надежта кај нашите сограѓани, да им кажеме дека може поинаку и многу подобро од оваа наметната апатија“, кажа Николовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk