Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ одржа трибина на која се говореше за карциномот.
Трибината е по повод 4-ти февруари - Светски ден за превенција и борба против карцином, под слоганот „Ние можеме, и јас можам“.
Оваа трибина ќе биде од едукативен карактер, во која ќе бидат запознаени со начинот на раното откривање, лекување и превенција - вели Слаѓана Ѓорѓиевска, потпретседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Предавачи на трибината беа Томица Анчевски, специјалист, интернист и доктор Марјан Денковски, специјалист по социјална медицина.
Карциномите се важни затоа што во денешно време нема лек, така што најважно е да се откријат навреме како и да се извршат превентивните прегледи. Најчесто се развиваат без некои поважни симптоми но раното откривање е многу важно во болеста како и почетокот на редовната терапија - рече Анчевски.
На трибината беше кажано дека карциномите се во пораст и затоа е важно рано откривање и лекување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk