Трибина за потребата од осигурување на земјоделско земјиште

22.09.2014 06:52 | KumanovoNews

Во село Младо Нагоричане вечерва во 19 часот ќе се одржи трибина за осигурување на земјоделско земјиште, организирана од Агенција за развој на земјоделството.

Трибина за потребата од осигурување на земјоделско земјиште

На трибината ќе говорат преставници од “Европа - Ре„ и „Албсиг“ осигурување.

“Ќе се зборува за осигурување на имот во случај на катастрофи, суши, поплави, пожари. Почетната година ќе биде осигурувањето за пченица и јачмен, а потоа и за други култури. Ова ќе биде за земјоделци кои работат поголеми површини„ - вели Живка Наумова, раководител на Регионална Агенција за развој на земјоделството.

Во наредниот период и жителите на другите села ќе бидат информирани за тоа како можат да ги осигураат земјоделските посеви.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk