Трибина за згрижувачки семејства

12.09.2014 11:34 | KumanovoNews

Трибина за згрижувачки семејства ќе се одржи во кружната сала на Kомитет во понеделник во 12 часот.

Трибина за згрижувачки семејства

Темата е “На секое дете му е потребно семејство“, а на трибината ќе говорат стручни лица од Центарот за социјални работи Куманово и самите згрижувачки.

“Трибината е за сите граѓани кои се заинтересирани за оваа проблематика. И згрижувачите ќе ги пренесат нивните искуства и ќе одговараат на прашања. Целта е да се зголеми бројката на згрижувачки семејства“ - вели Наџије Мустафа од Центар за социјални работи Куманово.

На ниво на Куманово, Липково и Старо Нагоричане има само седум згрижувачки семејства што е многу малку по бројот на жители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk