Трибина “Жените во политиката“

05.03.2014 15:58 | KumanovoNews

Форумот на жени на општинска организација на СДСМ Куманово, утре ќе одржи трибина на тема “Жените во политиката“.

Трибина “Жените во политиката“

На трибината ќе говори потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

Оваа ќе биде недела на жената во која освен трибината, во петок ќе го посетиме домот за стари лица во “Зафир Сајто“, да им посветиме внимание на највозрасните жени и да им однесеме пригодни подароци. Истиот ќе делиме каранфили на припадничките на понежниот пол на Градскиот плоштад- вели Атина Мургашанска, координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово.

 Трибината ќе се одржи во кружната сала во зградата на комитет утревечер во 19 часот. Во сабота жените од СДСМ  Куманово ќе се приклучат на протесниот марш на жените, што партијата го организира во Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk