Tрибини на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе присуствува лидерот Мицкоски

09.07.2025 10:26 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи трибина пред граѓаните на Куманово.

Tрибини на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе присуствува лидерот Мицкоски

На трибината „Од енергетска стабилност до силна економија“ – Ги градиме темелите на промените ќе говори премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска,  Бобан Николовски, директор на Царинската управа, Бране Петрушевски пратеник и Лазар Узунчев директор на ЕСМ.

Трибината ќе се одржи во 19.30 часот на Градскиот плоштад во Куманово. 

Вечерва средба со своите членови ќе има и Движењето ЗНАМ  како дел од партискиот караван насловен како "Со срце за нашата општина",  а ќе зборуваат лидерот Максим Димитриевски, претседателот на општинската организација даниел Стојчевски и Сашо Петрушевски.

Средбата ќе се одржи вечерва во 21 часот во големата сала на поранешен Комитет.

(Фото: Aрхива Kумановоњуз)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk