Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за превенција при СВР Куманово веќе два месеци спроведува трибини во основните училишта на тема “Малолетничко престапништво со елементи на насилство“.
Целна група се учениците од седмо и осмо одделение, а понатаму ќе бидат опфатени и шестоодделенците.
Укажуваме на последиците од вршење на престапите и начинот на заштита, институциите кои може да помогнат и дека никогаш не е доцна што и да се случи, да се каже, да се пријави, да се побара помош и заштита. Воедно на ваквите едукативни трибини објаснуваме дека сите овие фактори покрај тоа што можат да придонесат детето да стане престапник, може да стане и жртва на трговија со деца бидејќи станува збор за малолетни лица - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Трибините како дел од проектот “Безбедни училишта“ се спроведени во сите училишта во Општина Старо Нагоричане, во Општина Куманово остануваат уште две училишта, а истите допрва ќе се реализираат на територија на Општина Липково.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk