Три дeнa ќе се прска против глувци и бубашваби во Куманово

15.09.2025 16:03 | KumanovoNews

Во Куманово од денеска започнува тридневна акција за дератизација и дезинсекција на територијата на целата општина.

Три дeнa ќе се прска против глувци и бубашваби во Куманово

Активностите ќе се спроведуваат од 15 до 17 септември, секој ден во периодот од 08:00 до 15:00 часот, информираат од Општина Куманово.

Против глодарите ќе се користи препаратот „Дератион“ со активна материја Bromadiolone, кој ќе биде аплициран во канализационата мрежа. За уништување на бубашваби и други инсекти ќе се применува препаратот „Флитрин“.

Од Општината додаваат дека доколку временските услови не овозможат непречено изведување, акцијата ќе биде одложена за нов термин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk