Триесет дневен притвор за кумановец кој криумчарел мигранти

24.07.2018 09:47 | KumanovoNews

 Триесет дена притвор му е одреден на Ф.З. (25) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.

Триесет дневен притвор за кумановец кој криумчарел мигранти

Според истрагата, Ф.З. е фатен завчера откако е сопрено патничко моторно возило "Рено" со велешки регистарски таблички управувано од страна на пријавениот.

При контрола на возилото пронајдени се 13 лица - мигранти, меѓу нив и три малолетни лица, инаку сите од Авганистан.

Лицата се на возраст од 16 до 23 години. Укажана им е лекарска помош и со нив е извршен службен разговор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk