Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на која ќе се разгледуваат вкупно 34 точки.
Пред советниците ќе се најде и точка поврзана со проблемите со ретроактивното оданочување на граѓаните кои работеле во Ирак и Авганистан, избор на членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, извештаи за работа, зголемување на цената услугите во градинката и други теми од значење за градот.
Дневен ред :
1. Разгледување и усвојување на Препораки до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони (Ирак и Авганистан);
2. Информација на превземени мерки и активности во текот на 2025 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
3. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2025 година;
4. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2026 година;
5. Извештај за стекнати и распределени средства во 2025 година од ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово;
6. Предлог - Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;
7. Извештај за работа на Општински совет за превенција на детско престапништво за 2025 година;
8. Извештај за реализирани активности во 2025 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
9. Предлог - Програма на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и (ЛЕР) за 2026 година;
10. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2025 година;
11. Буџетски календар за 2026 година;
12. Предлог - Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;
13. Предлог - Одлука за изменување на Одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите;
14. Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
15. Предлог - Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
16. Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче”, Куманово - претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади;
17. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово;
18. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
19. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;
20. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
21. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Управен одбор во ДСУ „Киро Бурназ” – Куманово;
22. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор на ЈП„Водовод“- Куманово;
23. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово Гас“- Куманово;
24. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово паркинг“- Куманово;
25. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово План“- Куманово;
26. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
27. Предлог - Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Чистота и зеленило“- Куманово;
28. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за преземање на 1 (еден) административен службеник;
29. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 01/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;
30. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 02/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
31. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 03/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Пазариште“ – Куманово;
32. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 04/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - паркинг“ – Куманово;
33. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 05/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - гас“ – Куманово;
34. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 06/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово - план“ – Куманово.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk